Деко се сретна со агентот на Рашфорд, Манчестер Јунајтед сака 40 милиони фунти за него


Барселона презема конкретни чекори за да потпише со напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, кој ја помина втората половина од минатата сезона на позајмица во Астон Вила. Според каталонскиот весник „Спорт“, утрово се одржал состанок помеѓу агентот на англискиот интернационалец и спортскиот директор на Барса, Деко.

Уште во јануари се зборуваше за интересот на „блауграните“ за Рашфорд. Самиот Деко пред две недели призна дека му се допаѓаат Луис Дијаз и Рашфорд. Доведувањето на крилен напаѓач е приоритет за летниот преоден рок на клубот, а играчот на Ливерпул наводно е цел број 1. Сепак, овој трансфер ќе биде потешко да се реализира, а Колумбиецот е и поскап.

Според Фабрицио Романо, Манчестер Јунајтед сака околу 40 милиони фунти за Рашфорд. Самиот играч е многу заинтересиран да се пресели во Барселона.

Според „Спорт“, желбата на шампионите е да го позајмат Рашфорд со опција за откуп, за трансферот да не го оптовари клубот финансиски. Т

Back to top button
Close