Дел од граѓаните не добиваат термин за вадење лични документи, а други чекаат со месеци за подигнување

Поднел барање и уплатил за издавање на патна исправа уште лани во септември, а се сликал дури во април годинава. На веб страната сè уште стои дека неговиот документ е во фаза на изработка. Со ваков проблем се соочува граѓанин, кој и пиша на Телма. Вели дека некои кои се сликале после него,  веќе ги земале документите, па прашува каков ред е ова.

„Дојдов денеска да го подигнам пасошот и гледам гужваовде. Луѓе што имале термин во 12 чекаат повеќе од час и половина. Многу е гужва. Прво се чека еден ред, им даваш ливче, а потоа чекаш друг ред. Успеав да го земам документот, ама чекав повеќе од еден час“, додава друг граѓанин.

„Овде е хаос. Нема кој да те упати, а тоа е многу важно. Прашај еден ти вика таму оди, а друг те упатува на друго место. Вака не се оди во Европа“, заклучува државјанин.

Иако ретки случаи, сепак имаше и такви кои поминале во најдобар ред, без проблеми.

„Веднаш ми дадоа термин. Се јавив на телефонот, одма ми закажаа и дојдов и се сликав“, вели жител.

Според последните статистики на Министерството за внатрешни работи, од јануари до крајот на мај издадени се безмалку 400 илјади пасоши, 280 илјади лични карти и повеќе од 141 илјади возачки дозволи. Состојбата е пред лето,  позната пасошка сезона поради доаѓање на иселениците кои многу често вадат нови документи во тој период.

Телма отиде да провери каква е ситуацијата на шалтерите. Таму има голем број граѓани. Дел од нив сметаат дека е хаос и тешко се снаоѓаат, некои чекале со часови да ги подигнат документите. Други пак се пожалија дека службите им ги изгубиле нивните документи.

Во петокот беше готова личната карта, а во понеделникот веќе е изгубена. Проверив во неколку полициски станици нигде ја немаше“, вели граѓанин.

Back to top button
Close