Дел од Кавадарци денеска и утре без вода поради неодговорност при подземни инсталации
Поради неодговорност при ископот на изведувачите за подземни инсталации (кабли за струја), извршено е оштетување на водоводна линија на потег од 50 метри, информираат попладнево од кавадаречкото Јавно претпријатие „Комуналец”.
Оттаму нагласуваат дека не е можно оштетувањето да се санира во попладнедневните часови.
Поради тоа, жителите на улицата „Страшо Пинџур” (комплекс згради Силекс), ќе останат без вода за пиење од денес до утре до 14 часот.