Дел од Кичево денеска без електрична енергија

– Од ЕВН-Македонија известуваат дека поради интервенциите планирани во мрежата за дистрибуција на електрична енергија денеска, жителите на градот Кичево ќе останат без снабдување со електрична енергија од осум часот до 15:30, информираат од Р.Ц.У.К. во Кичево.
Од таму објаснуваат дека без електрична енергија ќе биде најголем дел од улицата „11 Септември“, која минува низ централното градско подрачје на градот Кичево.