Дел од огранокот на Алтернатива во Чаир не отстапува,бара оставка од министерот Сали

Дел од огранокот на Алтернатива во Чаир пред неколку дена побарале оставка од министерот за здравство Беким Сали и посочиле дека ако претседателот на партијата Африм Гаши во рок од 10 дена не иницира смена на министерот, ќе има последици во партијата.

twitter sharing button

Министерот Сали на денешната прес-конференција истакна дека незадоволствата доаѓаат од поединци кои, како што рече, реагираат поради нивни лични интереси.

– Не би се повторувал цело време да објаснувам цело време кој барал оставка. Тоа се поединци кои поради нивни лични интереси го изразуваат незадоволството кон министер за здравство. Во ниту еден момент, во ниту еден орган на партијата не се изнесени ваквите незадоволства или пак аргументирани кои се причините за тоа барање. Не вреди да се третира како тема, рече Сали.

Фатон Фазљиу, претседател на огранокот на Алтернатива во Чаир реагираше преку фејсбук посочувајќи дека во органите на партија на огранокот не пристигнала ниту една забелешка или незадоволство кон ниту еден партиски функционер и оти оваа реакција може да биде резултат на инидивидуални незадоволства.

– Сакам да потсетам дека, според Статутот на партијата, прашањето на именувањата и разрешувањата на функционерите на партијата не е надлежност на ограноците, туку е право на Централното претседателство, посочува Фаљиу во реакцијата.

Оставка од министерот за здравство бара и Движењето Беса.

– Бараме надлежните органи сериозно да ја сфатат создадената состојба и да ги забрзаат истрагите за сите злоупотреби на директорите на клиниките за кои се појавија сомнежи во јавноста. Исто така, бараме министерот за здравство да ја прифати неговата неспособност да раководи со оваа важна институција и да поднесе оставка, доколку не сака да го преземе врз себе целиот неуспех на здравствениот сектор, особено во последниот период кога избија скандалите во многу државни клиники и болници, изјави денеска на прес-конференција Ваљон Бела, претседател на огранокот на Движењето Беса во Чаир.

Во понеделникот, на прес-конференција дел од огранокот на Алтернатива во Чаир, меѓу кои и доскорешниот шеф на кабинетот на министерот за здравство Беким Сали, побараа оставка од министерот поради незадоволство од неговата работа.

– Во врска со работата и недоличното однесување на функционер кој работи од нашите редови, веќе неколку месеци е информиран и претседателот на партијата Африм Гаши, кој се уште не презел ништо во оваа насока, па апелираме до претседателот на партијатасогласно надлежностите и обврските со кои го задолжува статутот на партијата, во рок од 10 дена да покрене иницијатива за разрешување на министерот, во спротивно одговорноста за понатамошните чекори, штети и последици во партијата ќе падне исклучиво на него, рече Меритон Цивули од огранокот на Алтернатива во Чаир и доскорешен шеф на кабинетот на Сали.

 

 

Back to top button
Close