Дел од продавниците останаа без леб,пекарите не сакаат да продаваат леб со замрзната цена

Празните полици со леб доаѓаат еден ден откако Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари

Утринава полиците за леб во повеќето продавници останаа празни. Единствено можеше да се најде леб кој од вчера останал непродаден или, пак, од посебните видови кои се донесени пред неколку денови. Од неколку маркети кои ги контактиравме добивме одговор дека утринава дистрибутерите не донеле бел и полубел леб.

Празните полици со леб доаѓаат еден ден откако Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари.

Од групацијата на мелничко-пекарската индустрија, во понеделникот на прес конференција се заканија дека ќе престанат со производството на леб доколку стапи во сила мерката за замрзнување на неговата цена.

Пекарите се заканија дека ќе престанат да произведуваат леб ако Владата ја замрзне цената.

Во маркетите и на социјалните мрежи граѓаните веќе реагираат дека неможат да најдат бел или полубел леб.

Гужви можеше да се забележат пред помалите пекарници и бурекџилници кои произведуваат бел и полубел леб и го продаваат само во нивните објекти, а не го дистрибуираат.

Одлуката која ја донесе Владата за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб ќе важи до 31 мај годинава.

(…)

Повеќе

Back to top button
Close