Дела од Реноар, Сезан и Матис вредни неколку милиони евра украдени во Италија

Уметнички дела вредни неколку милиони евра се украдени од Фондацијата Мањани Рока во Италија, во областа Парма, и тоа не само „Риба“ од Реноар, туку и дела од Сезан и Матис.
Според првичните информации, крадците дејствувале ноќта помеѓу 22 и 23 март, влегувајќи во Вила Мањани со кршење на вратата од зградата, објавува порталот Bologna.repubblica.
Истрагата ја водат Карабињерите од Парма заедно со Единицата за заштита на културното наследство, а собрани се и снимки од видео надзор.
Трите украдени слики се: „Риба“ од Пјер-Огист Реноар од 1917 година, „Мртва природа со цреши“ од Пол Сезан од 1890 година и „Одалиска (Харем девојка) на терасата“ од Анри Матис од 1922 година, кои се наоѓале во француската соба на првиот кат.
Фондацијата „Мањани Рока“ е една од најважните уметнички институции во Италија.
Вилата деи Каполавори, седиштето на Фондацијата, ја сместува колекцијата на уметникот, критичар, музиколог и писател Луиџи Мањани (1906–1984), која вклучува дела од Тицијан, Дирер, Рубенс, Гоја, Канова, Моне, Реноар, Сезан, Бери и најважната колекција дела од Џорџо Моранди.
Фондацијата е основана во 1977 година со цел да промовира културни активности поврзани со уметноста, музиката и литературата, а исто така и во спомен на родителите на основачот, Џузепе Мањани и Еуџенио Рока.
Извор: nezavisen.mk






