Делe Дона: Ме тераат да пијам по 64 апчиња на ден, тоа ме убива

Најдобрата кошаркарка во ВНБА лигата, Елена Деле Дона, член на Вашингтон мистик, ја шокираше Америка откако излезе со отворено писмо во кое ја претстави нејзината здравствена состојба и со што се соочува.

И покрај фактот дека има автоимуно заболување и пие дури 64 таблети на ден, челниците на женската НБА лига и рекоа дека мора да игра следната сезона, дека не може да биде поштедена, и ќе ги сноси финансиските последици доколку не се појави на теренот.

Сурово, со оглед дека девојката, која беше прогласена за МВП на минатата сезона, може да настрада во случај некаде да го „собере“ коронавирусот, затоа што нејзиниот имунитет е исклучително слаб.

– Јас пијам 64 апчиња на ден, 25 пред појадок, 20 после појадок, 10 пред вечера и уште девет пред спиење. Чувствувам како тоа ме убива. Можеби не ме убива буквално, но сигурно е лошо за мене. Долгорочно, таков режим едноставно има лош ефект врз луѓето. Но, тие 64 апчиња на ден се единствениот начин да ја задржам мојата состојба под некаков вид контрола, вели Деле Дона.

Back to top button
Close