Делегација на Охрид во посета на родниот крај и домот на холандскиот писател А. ден Доолард

Овој месец се навршија 123 години од раѓањето на најплодниот холандски поисател од минатиот векл, Корнелиус Боб Спелстра, познат под псевдонимот А.ден Доолаард.

Покрај другото, тој е автор на романот „Свадбата на седумте цигани“, кај нас преведена како “Свадба во Охрид”, кој е со тематика за Охрид, каде А.ден Доолаард ја опишува нашата држава како место на светот кое не смее да се пропушти, поради својата богата историја и културно наследство.

Од таму, овој писател се смета за еден од главните “виновници” за тоа што Македонија, а посебно Охрид, се омилена дестинација за холандските туристи.

Нему му се припишуваат и заслугите за мешаните бракови, помегу Македонци од Охрид и Холанганки, за тоа што холандски брачни двојки го одбрале Охрид за место на живење, но и за врските и братимењето на Охрид со холандскиот град Катвајк, потоа за некогашниот “Парк на лалето” во месноста “Инекс-Горица”, како и за сегашниот Hоландски парк на езерскиот кеј на Охрид.

Локалната власт на Охрид, на езерскиот брег, му подигна Спомен обележје, додека писателот, познат туристички работник и полиглот, рано починатиот, Мишел Јузмески, отворти Музеј на А.ден Доолаард, со најголемата колекција во светот и воедно целосна библиографија на сите книги од писателот.

Сега ги води туристичкиот раблотник, Крсте Пурцов кој напоменува дека соработката започната пред неколку децении продолжува и ден денес и со тоа се зацврстува алката на ова прекрасно пријателство.

Веле Митаноски

Back to top button
Close