Делегација на Собранието присуствуваше на седница на германскиот Бундестаг

Како што соопштија од собраниската прес-служба, прва точка на дневниот ред беше изјава на сојузниот канцелар Олаф Шолц во врска со вонредната седница на Советот на ЕУ на 30 и 31 мај
Делегацијата на Собранието денеска присуствуваше на пленарна седница на Бундестагот, каде што претседателката и пратениците го поздравија претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери.
Како што соопштија од собраниската прес-служба, прва точка на дневниот ред беше изјава на сојузниот канцелар Олаф Шолц во врска со вонредната седница на Советот на ЕУ на 30 и 31 мај.

Во своето обраќање, Шолц ја нагласи потребата од финансиска помош на Украина, потсетувајќи на изгубените животи, домови и уништената инфраструктура во чие опоравување ќе треба да помогнат сите чинители. Во говорот, тој се осврна и на Западен Балкан и на заслугите и достигнувањата кои се основа за членство во Унијата за сите аспиранти, се наведува во соопштението.

Back to top button
Close