Делегација од кабинетот на претседателот им оддаде почит на осумте армиски резервисти загинати кај Љуботенски Бачила

 Делегација од кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод 19-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски Бачила, Скопско, денеска положи цвеќе пред спомен-обележјата во Општина Ѓорче Петров, во село Љубанци, и во касарната „Илинден“ во Скопје, соопштија од кабинетот.

На 10 август 2001 година, воено товарно возило на Армијата на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на две противтенковски мини.

Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на Армијата од гарнизонот Скопје.

Back to top button
Close