Делегации на ВМРО-ДПМНЕ ќе го одбележат 2 Август – Денот на Републиката

По повод државниот празник 2 Август – Илинден, покрај делегација предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски која ќе биде присутна во село Ташмаруништа, Струга почнувајќи од 10:30 часот, делегации на ВМРО-ДПМНЕ ќе положат цвеќе на повеќе локации каде празникот ќе се одбележува.

Како што соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, делегација предводена од Дафина Стојаноска и Силвана Ангелеска, членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе положат цвеќе на Мечкин Камен во Крушево.

Делегација предводена од Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев и Бране Петрушевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово ќе положат цвеќе во Меморијалниот центар „АСНОМ“, Пелинце.

Делегација предводена од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, меѓународен секретар за меѓународна соработка ќе положат цвеќе пред споменикот на АСНОМ, споменикот на Никола Карев, потоа пред споменикот на првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ Методиј Андонов Ченто, Плоштад „Македонија“ и на споменикот Сила, Слава и Победа – тврдина Кале.

Делегација предводена од Олга Лозановска и Никола Најдовски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Демир Хисар, ќе положат цвеќе на Могила на Даме Груев, споменикот на Смилевските илинденци и спомен плочата на Партизанскиот одред „Даме Груев“ во с. Смилево.

Back to top button
Close