Делови од Ѓорче Петров, Карпош и Кисела Вода утре без струја
– Корисниците од улицата „Исаија Мажовски“ – зграда 40 и објекти во нејзина близина во Општина Ѓорче Петров утре од 12:30 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 9:30 до 11:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од дел од улиците „Цветан Михајловски“ и „Воин Драшковиќ“, како и зграда 11 и зграда 4 на улицата „Кичевска“ во Општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 11:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе останат и дел од корисниците од улицата „Козле 6“ во Општина Карпош, од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улицата „Милан Мијалковиќ“ од бр.35 до бр.50 во Општина Кисела Вода, а од 9:00 до 13:00 часот дел од потрошувачите од улицата „Воин Драшковиќ“ во Општина Ѓорче Петров.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.