ДЕЛОВИ ОД ТЕЛОТО И КРВАВА ОБЛЕКА ФРЛАЛ ВО ОКОЛНИ КОНТЕЈНЕРИ!? Судењето откри грозоморни детали од убиството на 79-годишната штипјанка
Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.

– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуват од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.
Според истрагата и наодите Николова последен пат е видена жива на 5 октомври 2025 година, кога излегла од домот на нејзината сестра. На 24 октомври е пријавена за исчезната, а на 10 ноември 2025 година од страна на полициски службеници по наредба на јавен обвинител во домот на обвинетиот Асанов пронајдени се траги од крв, по што обвинетиот признал дека во дворот на куќата го закопал телото.
Полициските службеници со асистенција на пожарникарите го пронашле делот од телото на починатата. Според изјавата на обвинетиот останатите делови од телото и алиштата на починатата Николова ги фрлил во контејнери во близина на неговата куќа. Обвинетиот Асанов на првото рочиште не призна вина.






