Делумно укинати антиковид мерките во Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека се укинати некои ограничувања наметнати поради ширењето на коронавирусот.

Од 1 јуни, рестораните и кафулињата ќе можат да работат под одредени мерки на претпазливост.

– Полицискиот час од понеделник до сабота ќе биде од 22 до 5 часот наутро и цел ден во недела, рече Ердоган на прес-конференција по состанокот на владата.

Досега, забраната за излегување во работните денови беше од 21 до 5 часот наутро и во текот на целиот ден во сабота и недела.

Во април, Турција регистрираше максимално зголемување на новоинфицираните лица за еден ден. Делумно, а потоа и целосно заклучување беше воведено за околу две недели. Како резултат на овие мерки, бројот на нови случаи на инфекција дневно се намали осумпати – вчера тие беа 6.933.

Back to top button
Close