Демант од ЈЗУ УК за Државна кардиохирургија

По однос на натписот објавен во Слободен Печат имаме да го изјавиме следното:

Информаторот кој весникот го цитира, или нема доволно податоци за пациентот, или не ја познава доволно проблематиката или има свои мотиви намерно да ги извртува податоците.

Имено станува збор за пациент кој е итно примен на нашата клиника на 08.04.2025 година околу 15 часот префрлен од ГОБ 8ми Септември со симптоми на болка во грбот и епигастрична болка кои се појавиле утрото истиот ден. При прием висок крвен притисок над 270ммХг но останати витални параметри стабилни. Итно е примен во единица за интензивна нега каде е отпочната терапија по протокол за неговата дијагноза. Многу брзо со интравенска терапија настанува стабилизација на сите витални параметри, стабилизиран крвниот притисок и кај пациентот исчезнаа болките комплетно.

Имено станува збор за пациент кој е итно примен на нашата клиника на 08.04.2025 година околу 15 часот префрлен од ГОБ 8ми Септември со симптоми на болка во грбот и епигастрична болка кои се појавиле утрото истиот ден. При прием висок крвен притисок над 270ммХг но останати витални параметри стабилни. Итно е примен во единица за интензивна нега каде е отпочната терапија по протокол за неговата дијагноза. Многу брзо со интравенска терапија настанува стабилизација на сите витални параметри, стабилизиран крвниот притисок и кај пациентот исчезнаа болките комплетно.

Утврдено е дека дијагнозата на пациентот е Станфорд тип Б дисекција а тоа е раслојување на аортата помеѓу два нејзини слоеви што е многу поразлично од прснување или пукање како што е наведено во гореспоменатиот текст. Со други зборови, пациентот нема прсната аорта и не крвари. Со оглед на сите овие наоди лекарскиот конзилијум на клиниката дојде до заклучок дека пациентот нема т.н. комплицирана дисекција (руптура, малперфузија или рефрактерна болка која трае повечќе од 12 часа) која бара итен третман без разлика дали е ендоваскуларен или хируршки. Од друга страна кај пациентот на компјутерската томографија се евидентира наслага на главната срцева артерија како и тешко заболување на митралниот срцев залисток и другите залистоци на срцето на ЕХО. По разгледување на сите наоди лекарскиот конзилиум дојде до заклучок дека доколку се изнуди потреба од отворен хируршки третман кај пациентот кој е со екстремно висок ризик, шансите за преживување на истиот се 1-3% што беше објаснето на пациентот и на семејството.

Болеста со која што е примен пациентот е една од најкомплицираните и најтешки болести на аортата (најголемиот крвен сад во организмот). Модерната медицина нема конечна став за оптимален третман на овие пациенти. Имено статистички за жал смртноста кај оваа болест кај пациентите кои се лекуваат конзервативно е околу 4-10% интрахоспитално, кај пациентите кои што се третираат ендоваскуларно (стент) смртноста е околу 10% а кај пациентите кои се третираат со отворена хируршка интервенција  смртноста е околу 20% а по некои статистики и до 50% и повеќе, но ова важи само за центри со голем број на ваков тип на операции. Но овие статистики се различни кај различни пациенти. За овој пациент колегиумот ризикот го процени неприфатливо висок.

На нашата клиника има две операциони сали. Едната служи само за отворено хируршко лекување на пациентите, а другата е хибридна сала со ангиограф во која можат да се извршуваат отворени хируршки интервенции, стентирање и комбинација од двете или т.н. хибридни процедури. Оваа втората сала е надвор од функција повеќе од еден месец заради поставување на нов апарат кој бара и реадаптација на просторот за што уредно писмено се известени МЗ и ДСЗИ пред почетокот на реконструкцијата. Другата операциона сала е активна и е комплетно во функција.

Имајќи ги предвид сите овие факти беше испратено барање за конзилијарно мислење до Клиниката за Торакална и Васкуларна Хирургија затоа што се тие единствени кои имаат инфраструктура и матерјали за ендоваскуларен третман покрај нашата клиника во склоп на јавното здравство на што добивме одговор дека не се во можност да ја направат интервенцијата заради поправка на ангиографот и недостаток на стент графтови. Од таа причина а со најдобри намери за пациентот, семејството беше испратено на консултации со две приватни болници а кои согласно нашите сознанија имаат договор со фондот за здравство за овие процедури. Тоа се единствени места каде што се извршуваат ваков тип процедури во државата. Ова беше направено од стратешка гледна точка како план за следна фаза на лекувањето.

Кај пациентот за  време на хоспитализација до моментот на хиперакутното влошување во ниеден момент не се појави потреба од итна интервенција бидејќи пациентот цело време беше без болки, со стабилни витални и лабораториски параметри. Околу 5 часот наутро следниот ден настапува нагло влошување на состојбата на пациентот по што се превземени сите мерки за срцево – белодробно оживување по протокол. И покрај сите превземени мерки на лекарите за жал настапи смртен исход. Причината за смртта е непозната со оглед на тоа што семејството категорично одби обдукција за што постои од нивна страна потпишан документ.

Околу комуникацијата со семејството би можеле да кажеме дека во прв момент комуникацијата беше нормална, за да после нивното враќање од консултации со приватните болници стане театрална (со провокации и снимање на персоналот). Поради закана од семејството персоналот во тој момент се повлекува комплетно зад затворени врати во службените простории и дежурниот лекар го известува обезбедувањето на клинички центар. Со самото доаѓање во контакт на обезбедувањето и семејството настанува меѓусебна расправија и туркање меѓу поединци по што обезбедувањето повикува полиција која пробува да ја смири ситуацијата. Во тој момент двајца членови од семејството (син и зет на пациентот) се повикани во службените простории за уште еднаш да им се објасни во целост здравствената состојба на пациентот, можниот развој на болеста и потенцијалните ризици од тоа како и можните модалитети на третман и ризиците од нив. Тоа се направи од страна на вработените во присутво на две полициски униформирани лица. За ова постои полициска белешка во ПС Центар. Се дојде до заеднички заклучок да им се даде предлог за лекување во странство со оглед на околностите на нашата клиника но и на другите места каде потенцијално може да се лекува пациентот и им беше целосно објаснета процедурата за вакво нешто на што инстантно се согласија. Истиот разговор е направен и со пациентот во интензивна нега на што и тој се согласи.

По однос на наводите на текстот на порталот Слободен Печат оваа прилика ја користиме да одговориме на прашањето поставено од новинар на Слободен Печат, “Дали поголем број од докторите бил на симпозиум?”. Одговорот е НЕ. Ниту еден доктор за време на настанот не е на симпозиум. Би сакале да go нагласиме следното. Без разлика дали некој или неколку доктори се на едукација, службата на Клиниката е во секое време покриена со сите профили на лекари (Кардиохирурзи, Васкуларни Хирурзи, Анестезиолози, Кардиолози). Ние како универзитетска клиника ја стимулираме и поддржуваме континуираната медицинска едукација на нашите доктори и затоа сметаме дека прашањето е ирелевантно за случајот.

ЈЗУ УК за Државна кардиохирургија

________________________________________________

Back to top button
Close