Демарш од грчкото до турското МНР за најавите од Турција за истражување во близина на Кастелоризо

– Ја повикуваме Турција веднаш да ги прекине нејзините нелегални активности што ги прекршуваат нашите суверени права и ги поткопуваат мирот и безбедноста во регионот. Единствениот пат за стабилност е почитување на меѓународното законодавство, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција и додаваат дека од грчката амбасада во Анкара веќе доставиле демарш до турското МНР, а грчките власти, конкретното прашање го покренале и во ЕУ, НАТО и ОН, јави дописничката на МИА од Атина.

Реакцијата од грчкото МНР доаѓа откако Турција издаде навигациска информација (NAVTEX) според која, во морскиот дел југоисточно од грчкиот остров Кастелоризо планира, од денеска до 2 август, да врши сеизмички истражувања.

Од Министерството за надворешни работи на Грција велат дека „денешната најава со нов нелегален NAVTEX за турски истражувања во дел од грчкиот континентален грбен претставува ескалација на тензиите во регионот“. ср/сд/

Back to top button
Close