Дембеле мора да го продолжи договорот, или да ја напушти Барселона

Дембеле не тренирал со Барса, ја напушти базата - МИА

 Барселона сака што побрзо да ја разјасни иднината на играчот за врска на Усман Дембеле. Претставниците на Французинот, чиј сегашен договор со клубот истекува летото 2022 година, не брзаат да започнат преговори за нов договор.

Поради ова, каталонскиот клуб ќе му постави ултиматум на Дембеле: тој или мора да се согласи на условите што ги поставува Барса, или да каже дека нема да го потпише договорот. Во тој случај, Барса ќе го продаде во текот на овој преоден рок.

Каталонците сакаат Дембеле да остане во клубот и да почувствуваат дека играчот за врска би сакал да продолжи да игра за Барселона.

Раководството на клубот дека Дембеле може да стане важен играч за спортскиот проект што се гради во Барса. Сепак, постојат стравувања дека барањата за плата на играчот ќе бидат превисоки, пишува „Диарио Спорт“.

Минатата сезона, францускиот фудбалер одигра 30 натпревари во Ла Лига, постигна шест гола и направи три асистенции.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close