Дембеле може да си замине, призна Куман

 

Тренерот на Барселона, Роналд Куман призна дека е неизвесно дали Усман Дембеле ќе остане во тимот, откако играчот сам ќе ја донесе одлуката. Французинот, кој беше купен за 105 милиони евра во 2017 година од Борусија Дортмунд, често е мачен од повреди и не успева да се опорави.

– Одлуката за неговата иднина ќе ја донесат клубот и самиот играч. Се додека тој сака да биде тука, јас ќе се потпирам на него, рече Куман.

Евентуално заминување на крилниот напаѓач ќе има двоен ефект за Барселона – ќе се олесни буџетот за плати во клубот и ќе се обезбедат средства за привлекување на напаѓачот Мемфис Депај од Олимпик Лион.

– На нашиот прв натпревар сезонава тој остана резерва затоа што има подобри играчи од него. Во второто полувреме тој се појави на теренот и ова се должи на неговата подобрена физичка форма. Гледам дека на тренинзите добро му оди, затоа би сакал тој да остане, додаде Куман

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close