Демири: Ќе разговарам со семејството на Леонид за можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација


Министерот за здравство, Илир Демири, информира дека на денешната владина седница беше разгледан случајот на Леонид Индов и исто така беа образложени досегашните процедури што се водат пред надлежните институции, а се однесуваат на рехабилитацијата на Индов, што се одвива во моментов.

„Донесовме одлука да разговарам со семејството и да ги запознаам со можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација на Леонид Индов, по што ќе ја информирам Владата за конкретното изнајдено решение“, истакнува Демири.

Back to top button
Close