Демири посети две пациентки кои примија Трикафта: Белодробната функција им е подобрена, досега 32 пациенти примиле лек

Министерот за здравство д-р Илир Демири денеска посети две пациентки со цистична фиброза кои во примија лекот Трикафта на Клиниката за детски болести.

„Стефанија (13) и Хатиџе (15) се две млади пациентки со цистична фиброза кои во четвртокот го примија лекот Трикафта. Ме информираа дека сега животот им е поубав. Пет дена по примањето на лекот белодробната функција им е подобрена, модуларната терапија дава брз ефект. Подобро дишат, имаат зголемен апетит и задоволни се што почнаа да го примаат лекот кој живот значи. Среќен сум што ги враќаме насмевките кај пациентките, но и кај нивните родители. Чест ми е што денеска имав можност да ги запознаам и да поразговарам со Стефанија и Хатиџе. И државата и Министерството за здравство се грижат за пациентите со цистична фиброза”, вели Демири.

Досега, 32 пациенти имаат примено Трикафта кои етапно се вклучуваат на терапија.

Лекот Трикафта е безбеден лек, одобрен од Европската медицинска агенција и ефектот од терапијата е брз, значителен и одржлив.

*Фотографијата е одобрена од родител

Back to top button
Close