Демократска Унија за Интеграција: Нашиот проект за Коридорот 8 се потврдува и не може да се запира

Соопштение на ДУИ

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ги поздравува најновите случувања поврзани со стратешкиот проект Коридор 8, кои јасно докажуваат дека овој значаен проект продолжува и покрај обидите на Владата да ја прекине неговата поврзаност со Република Албанија.

Одложувањето на посетата на делегацијата на УНЕСКО не го доведува во прашање реализирањето на проектот, туку ја потврдува сериозноста и неопходноста тој да се спроведе согласно проектното решение изработено во времето кога ДУИ беше дел од Владата.

 

Како што видовме вчера, самиот Министер за транспорт започна да ретерира од претходните јавно изнесени ставови и сега потврдува дека дилемата не е дали Коридорот 8 ќе се гради, туку само изборот на најсоодветната траса за истиот.

 

ДУИ потсетува дека Коридорот 8 е проект од стратешко значење за државата и регионот, кој ги поврзува истокот и западот, го зајакнува економското интегрирање и ја зголемува слободата на движење на граѓаните. Поддршката од Европската унија и преземените обврски од Тиранската декларација се дополнителен доказ дека овој проект е неспорен приоритет.

 

Понатаму, овој Коридор нема само економска димензија, туку и посебно значење за безбедноста и регионалната стабилност, како и за долгорочниот одржлив развој.

 

ДУИ останува посветена на реализацијата на овој проект во целосна согласност со меѓународните стандарди и во интерес на сите граѓани. Обидите за негово попречување или одложување се залудни, бидејќи Коридорот 8 е реалност во изградба и неопходност за европската иднина на државата.

 

Back to top button
Close