Демонстрант во Остин убиен од возач, кој со автомобил минал низ толпата

– Демонстрант, кој очигледно бил вооружен со пушка на протестот против полициското насилство во главниот град на Тексас, Остин, е убиен откако, според сведок, му пришол на возило што минало низ насобраните демонстранти, а возачот пукал во него.

-Инцидентот се случил во саботата вечерта, во 22 часот, кога демонстрантите марширале низ центарот на Остин, изјави портпаролката на полицијата Катрина Ратлиф, истакнувајќи дека погодениот маж бил однесен во болница, каде е констатирана неговата смрт.

-Возилото возеше лево-десно, сврте во нашата улица и мина низ демонстрантите, пред да удри во портокалова ограда и да запре, изјави еден демонстрант. „Демонстрантот со пушката се приближи кон возилото, но беше застрелан од возачот, кој потоа побегна“, потврди очевидецот.

Ратлиф потврди дека во првичните извештаи се наведувало дека „жртвата можеби носела пушка“.

Таа рече дека возачот бил приведен и соработувал со полицијата, но не ги објави имињата на возачот и на лицето кое е убиено.

Во интервју за емисијата „Добро утро Америка“ на телевизијата Еј-Би-Си, Сесила Фостер кажа дека убиениот е нејзиниот син, Герет Фостер, кој, кажа , 50 дена учествувал во протестите. сд/

Back to top button
Close