Демонстрантите му скандираа на Лукашенко: „Среќен роденден стаорецу“!

Десетина илјади демонстранти денеска скандираа „Среќен роденден стаорецу“ во близина на резиденцијата на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко во Минск, барајќи негова оставка.

Полициски возила ги блокираа влезовите во резиденцијата. Полицијата запре и неколку илјади луѓе на Авенијата за независност во белоруската престолнина, каде се одржува протестот.

Како што наведува ТАСС, на безбедносните сили им било наредено да започнат да се движат кон демонстрантите.

Исто така, водените топови биле насочени кон демонстрантите, а силни безбедносни сили оделе кон местото на настанот.

Полицијата во Белорусија денеска приведе 125 учесници на неодобрениот антивладин протест во Минск, изјави за РИА Новости портпаролката на белоруското Министерство за внатрешни работи, Олга Чемоданова.

Лукашенко, кој денеска наполни 66 години, се соочува со протести од победата на изборите на 9 август, за кои неговите противници велат дека се наместени. Тој ја негира измамата и тврди дека демонстрантите добиваат помош од странство, пренесува Ројтерс.

 

Back to top button
Close