Демонстрантите во Гватемала упаднаа во Конгресот и запалија дел од зградата

– Стотици демонстранти упаднаа во гватемаласкиот Конгрес и запалија дел од зградата, во време на растечки демонстрации против претседателот Алехандро Гаматеи и законодавниот дом заради усвојување на контроверзниот буџет со кој се намалија трошоците за образование и здравство. Инцидентот се случи вчера, кога околу 10.000 луѓе протестираа пред Националната палата во Гватемала против корупцијата и буџетот, за кој демонстрантите тврдат дека е усвоен во тајност, додека земјата е окупирана од последиците предизвикани од две силни бури и пандемијата на Ковид-19.
Видеото објавено на социјалните мрежи покажува како пламен избувнува низ прозорецот на Конгресот. Полицијата истрела солзавец кон демонстрантите и уапси десетици луѓе. Претседателот Гаматеи го осуди палењето на Конгресот на својот профил на Твитер. Тој рече дека секој за кој ќе се докаже дека учествувал во кривични дела ќе биде строго казнет. Демонстрантите бараат претседателот да поднесе оставка. Потпретседателот Гиљермо Кастиљо понуди оставка и му рече на претседателот дека обајцата треба да дадат оставка „за доброто на земјата“. Тој предложи вето на одобрениот буџет и разрешување на владини претставници. Гаматеи не реагираше јавно на тој предлог, а Кастиљо рече дека сам нема да поднесе пставка.

Back to top button
Close