Ден на албанската азбука: Како конгресот во Битола ја унифицираше азбуката

На 22 ноември 1908 година во Битола заврши заседавањето на учесниците на Битолски конгрес, кои едногласно ја прифатија одлуката на Комисијата за азбуката, која утврди унифицирана албанска азбука. Тоа е запишано во архивите, книгите, документите и мермерна плоча на куќата, кои сведочат за настанот од пред 114 години, инициран од битолскиот клуб „Башкими”.

За доброто за татковината. Така завршил Битолскиот конгрес, чии документи сведочат во витрините на денешниот Музеј на албанската азбука, национална установа во Битола, формирана со одлука на македонската влада од 2009 година.

Постојаната изложбена поставка во Музејот се состои од 51 фотографија, изработени со најмодерна технологија, на кои се претставени личностите кои придонеле за развојот на албанската азбука низ вековите, восочни фигури на членовите на комисијата, фотографии на личности учесници на Битолскиот конгрес и 58 документи, меѓу кои автентична копија од Одлуката за прогласување на азбуката на албанскиот јазик, потпишана од учесниците на Конгресот.

Од 22 ноември 2007 година, континуирано, Денот на албанската азбука во земјава се слави како државен празник и е неработен ден за граѓаните на албанската заедница во Северна Македонија.

Извор: Слободен печат

Back to top button
Close