Ден на жалост во Финска – сите се збогуваат со дванаесетгодишното момче убиено во училишното пукање

Финските знамиња денес се веат на половина копје низ целата земја во моменти кога оваа скандинавска држава тагува поради смртта на 12-годишно момче кое загина во вчерашното пукање во училиште, за кое полицијата соопшти дека го извршил школски другар.

Две ученички од Виертола, исто така на возраст од 12 години, биле тешко ранети во нападот во вторникот, соопштија болничките власти и полицијата. Засега нема нови информации околу нивниот медицински статус.

„Полицијата има прелиминарни сознанија за мотивот на делото, но од истражни причини се уште не може да се потврди“, соопштија од полицијата.

Тие рекоа дека осомничениот го признал пукањето во текот на првичната истрага, но се уште никој јавно не зборувал во негово име. Тој е ставен на грижа на социјалната служба бидејќи детето не може да биде во притвор.

Откако веста за пукањето се појави во вторникот наутро, загрижените родители чекаа пред училиштето со часови додека наставниците ги држеа вратите од училниците затворени за да ги заштитат своите ученици и да им дозволат на полицајците да го претресат училиштето

Back to top button
Close