Дендиас од Скопје: С Македонија веднаш треба да ги почне преговорите со ЕУ


Грчкиот шеф на дипломатијата попладнево одржа заедничка прес-конференција со министерот Бујар Османи кој исто така, се осврна не преговорите на земјава со ЕУ потенцирајќи дека ова е и безбедносно прашање, како и прашање за враќање на европскиот кредибилитет во регионот

Шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, во рамки на неговата турнеја низ Западен Балкан, попладнево е во посета на Скопје од каде на заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи, испрати јасна порака дека Грција е на став оти Северна Македонија и Албанија веднаш треба да ги почнат преговорите со ЕУ.

„Грција посакува и работи засилено за обезбедување на мирот, безбедноста и стабилноста на регионот. Грција верува дека единствениот пат за да се постигнат тие цели е јасна и целосна поддршка на европската перспектива на Западниот Балкан. Сигурни сме и длабоко веруваме дека пристапните преговори на ЕУ со Албанија и Северна Македонија треба да почнат веднаш. Тоа е пораката што ја пренесуваме на нашите европски сојузници цело време“,

рече Дендиас нагласувајќи дека ќе дадат целосна поддршка за европската перспектива на земјава.
Дендиас кажа дека разговарале и за спроведувањето на Договорот од Преспа и се заблагодари за уверувањето дека тоа е на вистинскиот пат.

За потребата земјава да ги почне преговорите зборуваше и министерот Османи потенцирајќи дека ова веќе е и безбедносно прашање.

„Руската инвазија на Украина покажа дека на регионот му е потребна дополнителна инвестиција на отпорноста од закани. Како НАТО сојузници имаме обврска да се грижиме за регионалната стабилност и во оваа насока јас сум особено задоволен што имаме координиран пристап и во интерес и на регионот и на Европа. На ист начин сметам дека и европската перспектива на регионот претставува прашање од безбедносен интерес и за нас и за Европа. Стартот на преговорите со Северна Македонија и Албанија претставува најдобриот начин да се врати европскиот кредибилитет во регионот и во оваа насока особено ме радува фактот што ја имаме целосната поддршка на Грција“,
рече Османи.

Back to top button
Close