Дендиас по средбата со Бербок изрази задоволство за првата Меѓувладина конференција за Северна Македонија и Албанија

Многу сме задоволни за свикувањето на првата Меѓувладина конференција за Албанија и Северна Македонија, порача министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас за време на прес конференцијата по средбата во Атина со неговата германска колешка Аналена Бербок и истакна дека Грција им помогнала и ќе им помага на двете земји на европскиот пат, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефовите на двете дипломатии разговарале за низа теми, како од взаемен, така и од регионален интерес, вклучително и билатералните односи, руската инвазија во Украина, мигрантското прашање, грчко-турските односи, а Дендиас се осврна и на случувањата на Западен Балкан.

-Нашите ставови се совпаѓаат, бидејќи и двете земји веруваме дека иднината на регионот е европското семејство и дека не треба да дозволиме балканизација на Западен Балкан, ниту да дозволиме ревизионистички сили, ниту да дозволиме ревизионистички иделологии да ја пополнат празнината. Многу сме задоволни за свикувањето на првата Меѓувладина конференција за Албанија и Северна Македонија. Грција се обиде, колку што може да им помогне на овие две земји на нивниот европски пат и ќе продолжи со тоа, истакна Дендиас.

Додаде дека исто така, на средбата со Бербок станало збор и за дијалогот Белград- Приштина и ситуацијата во Босна и Херцеговина.

 

Back to top button
Close