Дендиас вo петок ќе се сретне со Помпео и ќе учествува на вонредниот состанок на Советот за надворешни прашања на ЕУ

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас в петок, во Виена ќе се sретне со американскиот државен секретар Мајк Помпео, а од австрискиот главен град, истиот ден, ќе учествува и на вонредниот состанок на Советот за надворешни прашања на ЕУ што ќе се одржи преку видеоконференција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Министерството за надворешни работи на Грција, разговорите на Дендиас и Помпео ќе се фокусираат на случувањата во Источниот Медитеран, под призмата на ескалацијата на турските прекршувања.

Истиот ден, Дендиас ќе учествува и на Советот за надворешни прашања на ЕУ што ќе се одржи преку видеоконференција, а е свикан вонредно, по барање на официјална Атина за, според грчкото МНР, „да се разговара за нелегалните актвности на Турција во делот на грчкиот континентален гребен“.

Back to top button
Close