Денес и утре променливо, а во недела над 25 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и значително потопло, во утринските часови со локален дожд.

Попладне ќе биде нестабилно, претежно во западните делови, со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во некои делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд.

Според УХМР, утре претпладне ќе има услови за локален дожд, а потоа ќе следува сончево време со мала до умерена облачност и значително потопло со температури кои од недела на повеќе места ќе надминат 25 степени.

 

 

Back to top button
Close