Денешните разговори меѓу историските комисии на Македонија и Бугарија поминаа безуспешно

Фијаско на историските комисии Македонија и Бугарија кои констатираа нула напредок. Предмалку заврши прес-конференцијата на претседателите на комисиите Ѓорѓиев и Димитров. Не се потпишани ниту записниците од минатите средби, затоа што бугарската страна одбива да се спомене придавката македонски секаде, па и пред јазикот.

Македонскиот и бугарскиот тим различно го толкуваат Преспанскиот договор. Според информациите кои беа пренесе на денешната прес-конференција средбата наместо за историја се претворила во расправа за меѓународните договори на Македонија.

За Гоце Делчев денес бил одвоен само половина час, но и тоа не донело никаков успех.

Back to top button
Close