Денеска ќе биде погребан Амди Бајрам

Починатиот лидер на ромската партија “Сојуз на Ромите”, Амди Бајрам , ќе биде погребан денеска на гробиштата во Бутел, а во општината Шуто Оризари е прогласен ден на жалост.

Министерството за здравство вчера соопшти дека кај починатиот Амди Бајрам посмртно е утврдено дека бил позитивен на ковид-19, па во интерес на заштита на здравјето, министерството ги повика семејството и неговите пријатели во целост да соработуваат со надлежните служби, да се избегнат сите погребни ритуали, а погребот да се спроведе согласно протоколите, како превенција од понатамошно ширење на инфекцијата од ковид-19

Министерството за здравство исто така информираше дека Центарот за јавно здравје итно ќе спроведе епидемиолошка анкета со најблиското семејство на починатиот, со цел точна и детална идентификација на контактите во изминатите денови.

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам почина во саботата изутрината на 64-годишна возраст.

Тој имаше проблеми со срцето, и други хронични болести, а бил донесен во приватна болница во веќе егзитирана состојба. Посмртно му беше земен брис, а резултатот потврди присуство на вирусот Ковид-19

Вчера на новинарското прашање дали смртта има некаква поврзаност со свадбата на внуката на Бајрам што се одржа во Турција, министерот за здравство Венко Филипче одговори дека сѐ уште нема подетални информации за тоа.

Неодамна, тој направи свадба за внуката во Турција.

Back to top button
Close