Денеска е Светски ден на чоколадото

Денеска е Светски ден на чоколадото – денот кога слават сите видови на производи направени од чоколадо, вклучувајќи чоколадно млеко, топло чоколадо, бонбони од чоколадо, чоколадни барови и торти, колачи или било што прелиено со чоколадо.

Според Календарот на светски денови, девет од десет луѓе сакаат чоколада, додека околу 1 милијарда луѓе јадат чоколадо секој ден.

Чоколадото се добива од семето на тропското дрво Теоброма (Theobroma cacao). Какаото се одгледува најмалку три милениуми и расте во Мексико, Централна Америка и Северна Јужна Америка. Најраната позната документација за користење на семе од какао е од околу 1100 п.н.е., додека во Европа е донесено во 1550 година.

Бидејќи семките од какао дрво имаат многу интензивен, горчлив вкус, тие мора да ферментираат за да го развијат вкусот. Откако ќе се ферментираат, преработувачите ги сушат, чистат и печеат зрната. По печењето, лушпата се отстранува за да се добијат грутки од какао, кои потоа минуваат низ процес на мелење создавајќи какао маса, која е чиста чоколада во груба форма.

Покрај фактот дека чоколадото има толку добар вкус, има и некои здравствени придобивки од чоколадото. Чоколадото го зголемува нивото на серотонин и допамин, што помага да се зајакне расположението. Темното чоколадо исто така може да биде особено добро за вас. Темното чоколадо е моќен извор на антиоксиданси, плус помага да се подобри протокот на крв, да се намали крвниот притисок и да се намали ризикот од срцеви заболувања.

Подолу неколку итересни факти за чоколадото кои можеби никогаш досега не сте ги чуле

 

Интересни факти за чоколадото кои можеби никогаш досега не сте ги чуле

1.Чоколадото со векови се смета за афродизијак. Од древните Ацтеки, па сè до Казанова и францускиот суд, сите верувале дека чоколадото е еликсир на љубовта.

2. Дрвото од кое настанува чоколадото, „Theobroma cacao“, во превод значи „храна за богови“.

3. Првото чоколадо е произведено во фирмата „Fry and Sons“ во Бристол, Англија во 1847 година.

4. Првиот рецепт за чоколадо бил објавен во каталогот „Sears and Roebuck“.

5. Дрвото кое произведува какао може да живее и до 200 години, но квалитетните зрна кои се користат за чоколадото се произведуваат само 25 години.

6. Еден плод од какаото содржи 42 зрна додека пак, за подготовка на чоколадо од 1 килограм се потребни околу 270 зрна какао.

7. Црното чоколадо содржи антиоксиданси кои го намалуваат притисокот.

8. Чоколадото има околу 600 елементи кои го создаваат вкусот, за разлика од виното кое има само 200.

9. Најголемото чоколадо во светот, кое влегло во Гинисовата книга на рекорди е направено во Чикаго, со тежина од скоро 6 тони.

10. Доколку изедете коцка или две од кое било чоколадо, вие ќе добиете потребна енергија за да прошетате (само) 50 метри.

11. Во 100 грама чоколадо има околу 500-600 калории.

12. Пред скоро 2.500 години, Маите консумирале чоколадо во облик на пијалак (најчесто горко), додека пак, зрната од какаото ги користеле и како валути.

13. Дали сте знаеле дека овој прекрасен десерт се топи на околу 35 степени Целзиусови, што е малку под температурата на телата? Затоа чоколадото се топи во истиот момент кога ќе го ставите на вашиот јазик.

14. Истражувањата ни покажуваат дека темното чоколадо го подобрува помнењето, концентрацијата, како и способноста за решавање проблеми така што го зголемува протокот на крвта во мозокот.

15. Жените јадат скоро дупло повеќе чоколадо од мажите.

16. Чоколадото ја забрзува работата на срцето повеќе дури и од бакнежот со љубената личност.

17. Не заборавајте дека чоколадото е отровно за кучињата и одредени домашни миленици!

18. Повеќе од 20 милиони килограми чоколадо се купува секојдневно во знак на љубовта.

19. Помеѓу 40 и 50 милиони луѓе на овој свет живеат од индустријата на чоколадото, додека само во Белгија се наоѓаат околу 17.000.

20. Наводно постојат записи кои докажуваат дека Наполеон секогаш носел чоколадо со себе, особено за време на воените операции.

21. Зрната какао се сушат 7 дена на сонце пред да се испорачаат на оние кои произведуваат чоколадо.

22. Се смета дека дури 90% од светското производство на какаото е произведено на мали фамилијарни фарми.

23. Не се познати никакви облици на алергија на чоколадо

24. Просечен жител на Швајцарија во текот на годината јаде околу 10 килограми чоколадо. Можеби тоа е причината зошто имаат најмал процент на случаи со срцев удар во светот.

25. Скоро половина од произведените чоколади во светот се јадат во Америка.

26. Ако сте се откажале од чоколадото со цел да го намалите лошиот холестерол, за џабе сте се жртвувале. Вистината е дека чоколадото содржи какао масло кое е исполнето со заситени масти од кои повеќето не се подигнува нивото на холестеролот, додека пак кај некои луѓе помагаат дури и да се намали.

27. До средината на 18-от век, само богатите можеле да си дозволат зрна какао.

28. Чоколадото содржи кофеин, но неспоредливо малку во однос на една шолја кафе.

29. Индустријата за чоколадото вреди околу 110 милијарди долари годишно.

30. Најстарата компанија за производство на чоколадо е „Hershey’s“, која била основана во 1894 година.

Back to top button
Close