Денеска едночасовни блокади наместо протест против францускиот предлог

За денеска од 13 до 14 часот најавени се блокади на сообраќајниците во Скопје пред Владата, на патот Велес-Штип, Струмица- Радовиш и Прилеп кај Плетвар како знак на протести против францускиот предлог за кој граѓаните бараат од Владата да го отфрлат затоа што води кон бугаризација.

Вечер и утре нема да има протест, а наредниот е закажан за вo недела во 19 часот пред Владата.

Вчерашниот шести по ред протест се одвиваше мирно на кој говорниците пред Собранието повторија дека нема да биде дозволена промена на македонската историја и македонскиот јазик.

Како и во изминатите денови од протестот учесниците побараа оставки и отфрлање на предлогот за кој сметаат дека е срамен. Претходно Владата го проследи предлогот до Собранието.

Back to top button
Close