Денеска нема да се одржи „Маршот на ангелите“ поради хуманитарниот фудбалски натпревар

Оваа сабота нема да се одржи „Маршот на ангелите“ поради хуманитарниот фудбалски натпревар. Поради претстојниот хуманитарен фудбалски натпревар меѓу ГФК Осогово и ФК Вардар, кој ќе се одржи во сабота, на 07.02.2026 година планираниот саботен „Марш на ангелите“ ќе биде одложен.

Новиот термин за одржување на маршот ќе биде дополнително утврден и навремено соопштен на јавноста.

Хуманитарниот натпревар, кој е посветен во чест и сеќавање на жртвите во трагичниот настан на 16 март 2025, претставува значајна иницијатива насочена кон обединување на заедницата во моменти на голема болка. Токму преку спортот – најпрепознатливиот симбол на фер натпревар, човечност, заедништво и подадена рака – се истакнува вредноста на колективната поддршка и солидарност, особено кога заедницата се соочува со длабока загуба.

Back to top button
Close