Денеска потопло време, попладне пак дожд

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со умерена облачност која попладне ќе се зголемува и локално ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој на места долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Минималната температура ќе се движи од 7 до 12 степени, а максималната од 17 до 23 степени Целзиусови.

Back to top button
Close