Денеска силно невреме низ цела Македонија

Во текот на денот најпрвин во западните, а попладне и во текот на ноќта и во останатите подрачја ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 л/м2), град и силен ветер (над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ=6

Во Скопје во попладневните и вечерните часови ќе има врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат обилни и поројни проследени со грмежи и засилен ветер во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 29 степени.
Во сабота претпладне ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2). Температурата ќе биде во опаѓање. Од недела следува стабилно и малку потопло време.

Back to top button
Close