Денеска топло до 23 степени, за викендот влажен бран и засилен ветер

– Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност поголема во западните делови. Ќе дува умерен, на места краткотрајно засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 степени

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец и со температура до 19 степени.

Утре попладне ќе има зголемување на облачноста со повремен дожд и понекаде со појава на ретки грмежи.

За време на викендот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (локално над 20л/м2), проследени со појава на грмежи во сабота и засилен ветер.

В недела поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови врнежите ќе бидат од снег, а дневните температури позначително ќе опаднат.

Back to top button
Close