Денеска топло, од утре пад на температурите

Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури се движат во интервал од 13 до 20 степени, а максималните од 25 до 37 степени. УВ зрачењето е 9.

И во Скопје топло време со температура од 17 до 33 степени.

Како што соопшти УХМР, под влијание на влажен бран в петок и в сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 20 литри на метар квадратен) и значителен пад на температурата.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, појава на град и засилен ветер.

Вo недела ќе има повремени врнежи од дожд, а од понеделник ќе биде постабилно со постепен пораст на дневните температури.

Следните три дена минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 21 степен, а максималната од 21 до 32 степени

Back to top button
Close