Дени Масев осуден на четири години затвор за трговија со дрога
Поранешниот спортски директор на македонската фудбалска репрезентација, Дени Масев, е правосилно осуден на четири години затвор, откако на вчерашното рочиште го призна делото поврзано со набавка и продажба на дрога.
Заедно со Масев вина признаа и уште тројца обвинети во истиот случај, во кој како првоосомничен се води Раде Трајковски- Штекли.
Масев беше разрешен од функцијата спортски директор на почетокот од оваа година, веднаш по отворањето на истражната постапка. Тој своевремено имаше и активна улога во работата на Фудбалската федерација на Македонија.