Деновите на одржување на изборите нема да се одработуваат

Деновите на одржување на претседателските и парламентарните избори – 24 април и 8 мај – кои Владата уште минатата недела ги прогласи за неработни за сите граѓани, нема да се одработуваат.

Ваква одлука била донесена на вчерашната владина седница.

 

 

„Владата заклучи 24 април (среда) и 8 мај (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради непречено спроведување на изборите за претседател и изборите за пратеници во Собранието. Овие два неработни дена нема да се одработуваат“,

 

соопштија од Владата по вчерашната седница.

Оттаму информираат дека одлуката се однесува на сите граѓани на територија на државата.

Минатата недела Владата одлучи деновите на одржување на изборите да бидат неработни за сите граѓани, а на работодавачите од приватниот сектор им препорача да ги спроведат овие заклучоци

Back to top button
Close