Денвер избори финале на Запад, Мајами поведе во серијата со Бостон

 Кошаркарите на Денвер нагетс ќе играат во финалето на Западната конференција откако ноќеска го победија тимот на Лос Анџелес клиперс со 104:89 во седмиот натпревар од полуфиналната серија.

Најзаслужен за триумфот на Денвер беше Џамал Мареј, кој постигна 40 поени.

Денвер кој се врати по негатива од 1-3 во победи, во финалето на Запад ќе игра со Лос Анџелес лејкерс.

Финалето веќе започна во Источната конференција од НБА плејофот. Таму, Мајами поведе со 1-0 против Бостон по синоќешната победа со 117:114 извојувана по продолжение.

Back to top button
Close