Депортиран со забрана за влез во Македонија, 21-годишниот Бугарин којшто со ножеви е фатен во близина на клубот “Цар Борис III”

Млад бугарски државјанин кој се движел во близина на клубот “Цар Борис III” бил запрен вчера од охридската полиција која при претресот утврдила дека со себе носи два ножа.

Ножевите со сечива долги над 15 сантиметри се одземени, а приведениот бил предаден на судот.

Од МВР информираат дека за ваквиот прекршок поднесена е и соодветна пријава по Законот за оружје за којшто  е предвидена глоба од 50 до 250 евра.

Уапсениот 21-годишен бугарски државјанин е изведен пред суд, кој му определил глоба и му издал двегодишна забрана за влез во Македонија.

Лицето веќе е депортирано назад во Бугарија, а ножевите му се одземени.

Соопштение на СВР Охрид:

-На 19.10.2022 во 11.00 часот во трговски центар „Амам“ на булеварот ,,Македонски Просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, го лишија од слобода И.Н.И.(22) од Република Бугарија. При преглед,  кај него  пронајдени и одземени се два ножа, со што сторил прекршок по член 80 од Законот за оружје.

Тој е предаден на Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид.

Back to top button
Close