Дерковски: Изборите мирни, со мали спорадични инциденти, без нарушувања на изборниот процес

– Излезноста со оглед на целата ситуација е задоволителна, оцени попладнево претседателот на Државната избона комисија (ДИК) Оливер Дерковски на прес-конференција. До 17 часот според податоците на ДИК на гласање излегле 703.597 лица со право на глас или одѕивот е 38,78 проценти. Обработени се податоците од 3.459 избирачки места од вкупно 3.480 избирачки места.

– Очекувам до крајот на денот граѓаните да го остварат своето гласачко право и да ја легитимираат идната власт и целиот изборен процес, рече Дерковски на прес-конференцијата.

Изборниот ден, како што посочи, минува мирно, со мали, спорадични инциденти.

– Се решаваат во „од“ сите оние прашања што се наметнуваат во текот на денот и мислам дека можеме генерално да бидеме задоволни од сликата која ја имаме за овој изборен ден, рече Дерковски.

До ДИК, како што истакна, пристигнале неколку претставки за евентуално нарушување на изборниот процес и неколку приговори во смисла на повреда на избирачко право и на изборен молк, но, посочи, тоа не е нешто посебно што може да го наруши целиот изборен процес.

-Во изминатите часови се појавија одредени написи во медиуми за инциденти на пример во Липково и Битиола, каде про проверка и интевренции се надминале проблемите и гласањето продолжи со несмален интензитет. Гласач кој го сликал гласачкото ливче беше санкциониран од страна на МВР. исто така гласачка од Битола се обидела да изнесе од гласачкото место едно ливче и тоа исто така е санкционирано. Такви слични инциденти, кои во соработка со МВР и избирачките одбори и општинските изборни комисии веднаш се надминуваат, рече Деркоски, во одговор на новинарско прашање.

Во споредба со последните парламентарни избори во 2016 година кога одѕивот до 17 часот бил 60,41 процент, сега излезноста е помала за 21,63 проценти. Во однос на минатогодишните претседателски избори, сега за 0,59 проценти има поголема излезност до 17 часот.

Четвртата изборна единица сега има највисока излезност од 43,99 проценти, а Шестата изборна единица и понатаму останува со најниска излезност од 29,6 проценти.

Во Првата изборна единица излегле 127.007 гласачи или 41,07 проценти, во Втората 118.270 гласачи или 36,98 проценти, во Третата 122.182 гласачи или 43,87 отсто и во Четвртата 43,99 проценти или 124.276 гласачи. Во Петтата изборна единица на гласање излегле 120.184 гласачи или 38,33 отсто, а во Шестата 91.678 гласачи или 29,6 проценти.

Висока излезност во Првата изборна единица има во Аеродром, Карпош, Кисела Вода и Центар, а во Втората во Бутел, Ѓорче Петров и Куманово.

Во Третата изборна единица во повеќе општини има солидна излезност, како на пример во Крива Паланка каде одѕивот е 58,7 проценти, по што следуваат Берово, Лозово и Македонска Каменица.

Во Четвртата изборна единица висок одѕив има во Дојран, Демир Капија, Прилеп и Струмица, а во Петтата во Битола, Кичево, Крушево, Охрид, Струга и Ресен.

Во Шестата изборна единица поголема е излезноста во Тетово во споредба со Гостивар, а од помалите општини највисок одѕив има во Јегуновце.

Back to top button
Close