Дерковски: Поради истрагата на МВР, сајтот на ДИК нема да се ажурира

„Поради истрагата на МВР,  сајтoт на Државната изборна комисија нема да се   ажурира, туку изборните податоци ќе ги објавиме на табела“, изјави претседателот на ДИК Оливер Дерковски за АЛСАТ.

Од МВР официјално соопштија  дека во овој момент се води истрага, но не можат да потврдат дали воопшто имало хакерски напад, кој стои зад него, дали е од Македонија или од странство. Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе ги зема податоците од ДИК.

„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи ги презема соодветните мерки и активности со цел расчистување на овој случај“, изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Софтверот на сајтот го одржува фирмата ДУНА, а договорот со оваа компанија бил склучен во четири очи. Деркоски повикувајќи се на законот за јавни набавки изјави  дека негативното мислење што за договорот го дало Бирото за јавни набавки еден месец претходно не било обврзувачко за нив. Од друга страна, Деркоски вели дека ДУНА понудил најниска цена – од 900.000 денари. Со ДУНА имало и претходно преговори. Ова го потврдуваат од самата компанија, од каде исто така наведуваат дека апликацијата ја подготвувала повеќе од половина година по барање на ДИК. Од Обвинителството за АЛСАТ рекоа дека ги следат случувањата во ДИК, но засега не се вклучуваат во истрага.

Back to top button
Close