Дервишевиќ: Можеме, и мораме многу подобро

 Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација до 15 години Денис Дервишевиќ очекува уште повеќе од неговите избраници кои на гостувањето во Краљево изминатите два дена, забележаа еден пораз и една победа.

–  Во крајна мерка, овие резултати се забораваат. Не сакам да мислиме на судењето, бидејќи тоа и не ни беше во прв план. Факт е дека требаше да победиме и на првиот меч. Но, одиме понатаму. Нас нè интересира нашата игра, однесување, реакции на нашите играчи. За другото нека мислат некои други. Како го загубивме првиот натпревар, така го добивме вториот, истакна Дервишевиќ за веб-страницата на КФСМ.

Во Краљево дојдовме со намера да видиме до каде сме, да ги откриеме нашите недостатоци, но и да видиме кој колку може во овој момент. Да направиме некој појдовен план, стратегија како да работиме понатаму. И пред сè, играчите да научат како се бранат боите на  репрезентацијата, и дисциплината што треба да ја имаат кога ја презентираат државата надвор од нашите простори. Ова беше само една одлична можност за сите нив, а и за нас. А мислам дека можеме, и би додал, мораме да бидеме уште подобри. Има простор за надградба на тимот. Верувам дека во иднина момците ќе бидат уште подобри. Овие два меча треба да им се патоказ како треба да се продолжи, дополнува Дервишевиќ. 

Back to top button
Close