Десет килограми кокаин откриени во џип со скопски таблички

Полни раце работа за истражните органи на почетокот на новата 2026 година. Како што информираат од јавното обвинителство, во координирана акција на Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден фатени се 10 килограми кокаин со висока чистота, скриени во автомобил БМВ X5 со скопски регистарски ознаки.

Автомобилот бил сопрен во селото Горно Количани, по што по детален претрес во импровизиран бункер во подвозјето на возилото била пронајдена дрогата.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 26-годишникот кој го управувал автомобилот за кривично дело – еовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. За осомничениот ќе биде предложена мерка притвор поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и соучесници, како и веројатност да продолжи да врши кривични дела, велат од Обвинителството

Бидејќи станува збор за големо количество дрога, јавниот обвинител издал повеќе наредби со цел да се испитаа потеклото на кокаинот и неговата крајна дестинација, како и можни други инволвирани лица во целата операција

Back to top button
Close