Десет најпознати митови за неандерталците
Се верува дека првите луѓе со карактеристики на неандерталци постоеле во Европа пред 600.000-350.000 години, и дека тие изумреле пред околу 30.000 години, пишува Еншнт Ориџинс.
Кога станува збор за нивното однесување, неандерталците, гледани од аголот на 21 век, ги следи многу „лоша репутација“. Сепак, голем број нови студии, чии резултати беа објавени во последните неколку години, разбиваат многу митови поврзани со неандерталците.
Тие честопати се прикажувани како варвари, кои се разбирале со мулање, меѓутоа, новите истражувања покажале дека неандерталците имале исто или слично ниво на интелигенција како модерните луѓе.
И еве неколку од најчестите митови за неандерталците:
Пред една деценија, постоеше мислење меѓу археолозите дека неандерталците користеле многу едноставни алатки, како што се наострени камења. Но, истражување спроведено во последните 10 години ја ревидираше оваа перспектива, врз основа на нови археолошки докази.
На пример, истражувањето спроведено во Франција анализирало артефакти пронајдени на археолошки локалитет познат како Абри ду Марас, во Долината на Средна Рона. Истражувачите на местото откриле траги од употреба на лавалуазиската техника, траги од преплетени влакна, кои сугерираат производство на јажиња или жици, и докази за употреба на литичка технологија поврзана со сложена технологија за изработка на проектили, претходно поврзано со појавата на хомо сапиенс.
Друга студија сугерираше дека неандерталците дури им пренеле некои од своите вештини за изработка на орудија на хомо сапиенсите.
Долго се веруваше дека неандерталците немале когнитивен капацитет и говорен апарат развиени на тој начин за да можат да зборуваат и да осмислат свој јазик. Тие се сметани за неспособни за ништо друго освен негодување. Сепак, неодамнешните истражувања откриваат дека неандерталците најверојатно имале софистициран облик на говор и јазик што не се разликува од начинот на кој зборувале хомо сапиенсите.
Истражувачите користеле најновата 3Д-техника на ренгенски снимки за да ја испитаат 60-годишната неандертална подјазична коска откриена во пештерата Кебара во Израел во 1989 година. Хиоидната коска се наоѓа во централниот дел на горниот врат, под долната вилица и над гркланот и е темел на говорот. Досега е откриено дека постоела само меѓу хомо сапиенси и во неандерталците. Резултатите покажаа дека неандерталната подјазична коска не е фундаментално различна од нашата во однос на механичкото однесување. Ова силно укажува на тоа дека овој клучен дел од говорниот тракт бил користен на ист начин.
Не толку одамна, неандерталците беа сметани за примитивни пештерски луѓе, кои не биле доволно осветени за да ги погребаат своите мртви. Но, тоа верување беше соборено по откривањето на бројни гробници на неандерталците. Откривањето на ненадерталски скелет стар 50.000 години во пештерата во Ла Шапел-сур-Сена, Франција, покажа дека тој човек бил внимателно поставен во гробница, и дека неговото тело е скриено од предатори.
Една од најпознатите гробници на неандерталците е откриена во 1961 година во пештера на Рок де Маршал. Гробницата беше во одлична состојба, со оглед на нејзината старост од 70 000 години. Во прашање беше тело на дете, на возраст од околу три години. Очигледно беше поставено во форма на лак, со раката кон главата и нозете свиткани на 90 степени, а потоа беше покриен со земја.
Постоеше верување дека неандерталците немале организирано користење на просторот, нешто што им се припишува на сапиенсите. Но, археолозите во Италија пронашле руинирано засолниште од камен што покажа дека неандерталците имале организиран и уреден дом со посебни простори за подготовка на храна, спиење, правење алатки и дружење.
Се чини дека горното ниво на пештерата се користело за подготовка на месото од животни за храна затоа што содржело голема концентрација на животински остатоци. Малку подлабоко, средното ниво содржи најмногу траги од човечко живеалиште и се чини дека тој простор бил користен за спиење. Артефактите се наредени така за да се избегне неред околу огништето. На крај, долното ниво било место за краток престој.
Животински коски и камени алатки биле концентрирани во предниот дел, а не во задниот дел на засолништето, што укажува на тоа дека таму се одвивало производство на алатки за да се работи под сончева светлина.
Неандерталците некогаш биле прикажани како хоминиди, односно големи човеколики мајмуни кои јадат сурово месо од свеж плен. Сепак, неодамнешната студија спроведена од Каталонскиот институт за истражување и напредни студии во Барселона откри калцифицирана плоча на фосилите на неандерталски заби пронајдени во пештерата Сидрон во Шпанија, што сугерира дека овој изумрен човечки вид готвел зеленчук и јадел билки со горчлив вкус, како што се камилица и ајдучка трева.
За жал, поглед полн со предрасуди кон инфериорноста на неандерталците сè уште постои, како што се гледа во изјавата на Лора Бак од Природниот музеј во Лондон, која не се согласи со резултатите од студијата: „Погрешно е да се мисли дека неандерталците јаделе растенија. Пронајдените фрагменти билки можеле да се најдат меѓу забите на месојади – во овој случај неандерталците – и затоа што јаделе нешто од содржината на желудникот на уловеното животно “.
Според Бак, неандерталците едноставно не биле доволно интелигентни за да си обезбедат урамнотежена исхрана или да се лекуваат со лекови. Сепак, Бак не достави докази за да ги докаже своите тврдења. Неодамнешните истражувања покажуваат дека неандерталците јаделе месо, но дека растенијата биле вклучени во нивната исхрана.
До неодамна, неандерталците се сметаа за груби и опасни. Оваа перспектива се засноваше на предрасудите за инфериорноста на неандерталците. Од овие предрасуди произлезе мислењето дека тие биле незаинтересирани или неспособни да ги заштитат своите деца. Сепак, неодамнешните истражувања покажуваат дека тоа не било случај.
Во студијата објавена во 2014 година, тим археолози од Центарот за човечка палеоекологија и еволуциско потекло на универзитетот во Јорк го оспорија традиционалниот поглед. Тие велат дека децата на неандерталците имале силна емотивна врска со својата група. Неандерталците се грижеле за болни деца. Децата играле клучна улога во општеството, особено во симболичкото изразување. Истражувачкиот тим разгледал културни и социјални докази за да ги испита искуствата на децата на неандерталците. На пример, откриле дека децата биле погребани со многу посложени ритуали од возрасните, што укажува на силни емоционални врски и важна улога што ја играат децата.
Академската литература честопати наведува дека културниот израз се појавил во ерата на палеолитот, пред околу 30.000 години, што ги исклучува неандерталците занаетчии, затоа што во тоа време веќе биле изумрени. Сепак, доказите покажуваат дека културата цветала многу порано, во време кога неандерталците исто така оделе по планетата. На пример, камената уметност во пештерата Ел Кастило во Шпанија датира околу 40.800 години, што ја зголемува можноста некои претстави да биле насликани од неандерталците.
Исто така, доказите покажуваат дека неандерталците имале своја музика. Најстариот музички инструмент досега откриен, се верува дека е флејта пронајдена во карстната пештера Дивје Бабе во Словенија во 1995 година, иако тоа е спорно. Предметот е изработен од парче од бедрената коска од пештерска мечка и е издупчен со дупки кои се на еднакво растојание. Овој предмет датира од периодот од 60.000 до 43.000 години. Научниците кои не можеа да ја прифатат можноста дека неандерталците свиреле, го отфрлија тврдењето и рекоа дека совршено распоредените и уредно изрезбани дупки се резултат на каснување од животно. Сепак, се засилува генералниот став дека флејтата од пештерата Дивје Бабе е музички инструмент.
Далеку од тоа дека биле егоцентрични поединци неспособни да се грижат за кој било, освен за самите себе, и всушност има многу докази кои покажуваат дека неандерталците се грижеле за болните и старите лица во нивните заедници. „Старецот од Ла Шапел о Сена“ е името на остатоците од неандерталцот кој бил пронајден закопан во пештера во близина на Ла Шапел-о-Сена, во Франција во 1908 година.
Живеел пред 56 000 години и беше првиот, речиси комплетен скелет на неандерталците што некогаш е пронајден. Научниците проценуваат дека тој бил релативно стар кога починал. Скелетот на старецот укажува на тоа дека имал скршеници и болести, вклучително и артритис, што значи дека тој тешко можел да се движи без помош. Така, другите членови на групата морале да се грижат за него некое време пред да почине.
Други остатоци од неандерталците, исто така, покажаа дека некои повреди опасни по живот се целосно заздравени. Ова укажува на тоа дека лицето кое се здобило со повредите било лекувано од друго лице во групата.
Некогаш се веруваше дека неандерталците исчезнале пред да се појават хомо сапиенси. Сепак, ова тврдење беше отфрлено кога археолошките докази откриле дека овие два вида на човечки суштества се преклопуваат, односно ја споделувале Земјата илјада години, ако не и подолго.
Сепак, идејата за мешање на ДНК меѓу двата видадолго се сметаше за речиси богохулна, а многу научници не веруваа дека е биолошки можна.
Сепак, во последниве години, со развој на техники за анализа на древна ДНК, бројни студии откриваат дека неандерталците и сапиенсите се мешале и дека до 20 проценти од ДНК од неандерталците живеат во хомо сапиенсите.
Постои заедничка заблуда дека неандерталците се директни предци на хомо сапиенсите. Всушност, неандерталците и интелигентните луѓе живееле рамо до рамо, како две одделни групи. Студиите за ДНК откриле дека неандерталците потекнувале од друга еволутивна линија, па затоа честопати се нарекуваат „далечни роднини“ на сапиенсите.