Десет раководители на турски медиумски холдинг уапсени при акција на обвинителството
Десет лица на раководни позиции во турскиот „Џан холдинг“, во чија сопственост се и водечките турски медиуми „Шоу ТВ“ („Show TV“), „Хабертурк“ („Habertürk“) и „Блумберг“ („Bloomberg“), беа уапсени при акција на турското Главно обвинителство во Истанбул, јави онлајн изданието „Хуриет“.
Апсењата се по обвиненија за создавање организирана криминална група, измами и перење пари. За време на акцијата биле запечатени 121 фирми на холдингот. Екипите на терен продолжуваат со одземање и претрес во канцеларијата на холдингот на плоштад „Таксим“ во Истанбул, како и во автомобилите и домовите на уапсените.
Медиумите што се во сопственост на „Џан холдинг“ не се посочувани како опозициски. БТА јави дека телевизиите продолжуваат да емитуваат без прекин, а сајтот „Хабертурк“ објавува информации. Сè уште нема официјален коментар од холдингот за акцијата